Посна Плазма брауни торта
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
Состојки за брауни:
360 г брашно
180 г шеќер кристал
80 г какао
1 кесичка прашок за пециво
Пола лажичка сол
220 мл вода
150 г истопен маргарин
2 лажици гриз
80 г Мелена Посна Плазма
Состојки за фил:
500 г црно чоколадо
500 мл посна слатка павлака
200 г Посна Плазма
Декорација:
Шеќер во прав
Скршена посна Плазма
1. Чекор
Округол калап со одвоиво дно намачкајте со малку масло и посипете со малку брашно за да не се залепи брауни-то.
2. Чекор
Во поголем сад измешајте брашно, прашок за пециво, шеќер и сол.
3. Чекор
Додадете какао, гриз, посна Мелена Плазма и измешајте добро.
4. Чекор
Сипете вода и истопениот маргарин и измешајте добро за да се соедини смесата.
5. Чекор
Истурете во калап за печење и печете 25-30 минути на 180 степени.
6. Чекор
Додека се пече брауни-то направете го чоколадниот ганаш. Чоколадото стопете го на пареа.
7. Чекор
Загрејте ја павлаката пред да зоврие, истурете го преку чоколадото и измешајте добро.
8. Чекор
Посната Плазма скршете ја на парчиња и додадете го чоколадниот ганаш. Оставете да се олади на собна температура.
9. Чекор
Печениот оладен брауни исечете го на пола за да добиете две кори. Филувајте ја тортата во истиот калап во кој сте го печеле брауни-то.
10. Чекор
Првата кора ставете ја во калапот, истурете половина од чоколадниот фил и распоредете рамномерно.
11. Чекор
Ставете ја втората кора, и истурете го остатокот од филот, распоредете и тргнете го на ладење.
12. Чекор
Пред сервирање посипете со шеќер во прав и скршена Посна Плазма.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise