Посни деликатеси

Посна торта фантазија

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 50 мин.

Порција слика Величина: 15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

1 л бадемово млеко

130 г шеќер

2 кесички ванилин шеќер

120 г густин

200 г маргарин

120 г шеќер во прав

150 г Мелена Посна Плазма

120 г кокос

170 г сечкани ореви

За глазура:

100 г темно чоколадо

1 лажица масло

1 лажица мед

Декорација:

70 г Мелена Посна Плазма

Кокос

Овошје по избор

1. Чекор

Одвојте 250 мл бадемово млеко. Во тие 250 мл изматете густин а остатокот од млекото ставете го да се готви со шеќер и ванилин шеќер.

2. Чекор

Кога ќе зоврие, додадете ја смесата со густин, мешајте и гответе додека не зоврие уште еднаш, гответе го филот неколку минути мешајќи интензивно, покријте со најлонска фолија и оставете го да се олади.

3. Чекор

Потоа измешајте маргарин и шеќер во прав, и додадете ги во оладената пудинг смеса. Изматете се заедно и поделете го филот на три дела.

4. Чекор

Во едниот дел додајте Мелена Посна Плазма, во другиот кокос, а во третиот ореви. Секој од нив измешајте ги добро додека состојките се соединат.

5. Чекор

Во калап со дијаметар 22 цм, распоредете ги филовите, првин плазма, потоа кокос па филот со ореви и оставете да отстојат во фрижидер 6 часа.

6. Чекор

Направете глазура така што ќе ги ставите сите состојки во тенџере, загрејте и мешајте на среден оган додека не се истопат и соединат.

7. Чекор

Глазурата прелијте ја полека преку филот и вратете ја тортата на ладење додека чоколадото не се стегне, потоа декорирајте.

Автор:

Plazma

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики