Посен колач од Плазма и чоколадо
Основни информации:
Време на подготовка: 45 мин.
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
200 г Посна Плазма
200 г чоколадо за готвење
100 г маргарин
140 мл бадемово млеко
6 лажици шеќер
100 г печени, мелени лешници
50 г кокос
2 лажици какао
1. Чекор
Во еден сад скршете Посна Плазма, додадете лешник и кокос, и измешајте.
2. Чекор
Во тенџере на тивок оган гответе бадемово млеко, шеќер, исечкан маргарин на коцки и скршено чоколадо. Мешајте повремено за се да се истопи. Кога ќе се истопи почекајте да зоврие и веднаш прелијте преку мешавината од Посна Плазма, кокос и лешници.
3. Чекор
Измешајте се добро и ставете во еден мал калап (околу 20х20цм), кој е обложен со хартија за печење. Кога смесата ќе се распореди рамномерно по калапот потрудете се да ја израмните површината што подобро.
4. Чекор
Оладете го колачот минимум 2 часа. Пред сечење извадете да отстои 10 минути, а потоа исечете во посакуваниот облик и послужете.
5. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise