Посен брз ролат
Основни информации:
Време на подготовка: 25 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
150 г маргарин
100 г шеќер во прав
100 г сечкани ореви
100 г суво грозје
300 г Мелена Посна Плазма
100 мл сок од портокал
Чоколадна глазура:
100 г црно чоколадо
1 лажица масло
1. Чекор
Исечкајте ги сувото грозје и оревите.
2. Чекор
Во еден сад ставете ги Плазмата, оревите, сувото грозје, шеќерот во прав и додадете стопен маргарин, потоа сокот од портокал. Измешајте добро за смесата да се изедначи.
3. Чекор
Смесата обликувајте ја во ролат со фолија. Оставете во фрижидер да се олади.
4. Чекор
Чоколадото со маслото стопете ги на пареа и прелијте го колачот. Откако ќе се олади извадете го ролатот во чинија и прелијте со чоколадна глазура.
5. Чекор
Одозгора посипете со Плазма.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise