
Кадаиф Плазма ролни
Основни информации:
Време на подготовка: 50 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
300 г кадаиф
2 лажици посен маргарин
2 лажици шеќер
За базата на филот:
1 л бадемово млеко
Шолја млеко
Шолја брашно
2 кесички ванилин шеќер
125 г маргарин
За полнење:
120 г Мелена Посна Плазма
150 г сечкани ореви
10 г цимет
1. Чекор
Во тава пропржете кадаиф, маргарин и шеќер, префрлете ја смесата во плех и порамнете.

2. Чекор
Гответе ја базата на филот така што ќе загреете млеко, а потоа додадете шеќер, брашно и ванилин шеќер.

3. Чекор
Гответе мешајќи на тивок оган 12 минути. Тргнете од оган, и кога ќе се олади измешајте со маргаринот.

4. Чекор
Оладете повторно, и намачкајте рамномерно преку кадаифот во плех.

5. Чекор
Кога ќе “одлежи„ исечкајте на долги правоаголници, посипете со мешавина од ореви, цимет и Мелена Посна Плазма, потоа завиткајте ролни.

6. Чекор
Вашиот колач е готов!

Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise