Посни Плазма овошни коцки
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч и 30 мин
Величина: 20
Сложеност:
Состојки:
Состојки за подлога:
250 г маргарин
550 г Мелена Посна Плазма
80 мл бадемово млеко
Состојки за џем од малини:
700 г смрзнати малини
250 г шеќер
20 г желатин
Состојки за фил:
700 мл бадемово млеко
1 кесичка пудинг од малини
1 кесичка пудинг од ванила
150 г шеќер кристал
100 г маргарин
200 г Мелена Посна Плазма
Декорација:
200 г црно чоколадо
70 г маргарин
1. Чекор
Најпрвин гответе го џемот од малини така што во поголемо тенџере ќе ги ставите малините и шеќерот кристал.
2. Чекор
Гответе ги на средна температура со повремено мешање додека не зовријат.
3. Чекор
Потопете го желатинот во ладна вода според упатството на кесичката додека набабри. Кога ќе набабри ставете го во зовриените малини и гответе уште неколку минути. Тргнете го џемот да се олади.
4. Чекор
Помал коцкаст плех за печење обложите го со хартија за печење. Оставете ја хартијата малку над врвовите на плехот за да можете полесно да го извадите колачот.
5. Чекор
Подгответе ја подлогата така што прво ќе го стопите маргаринот. На маргаринот додадете ја Посната Плазма и бадемовото млеко и измешајте добро.
6. Чекор
Добиената смеса истурете ја во плех за печење и распоредете што по рамномерно.
7. Чекор
Изладениот џем сипете го над подлогата и одложете го во замрзнувач.
8. Чекор
Одвојте 150 мл бадемово млеко и измешајте со пудингот од ванила и малини.
9. Чекор
Остатокот од млекото гответе го со шеќерот
10. Чекор
Кога млекото ќе зоврие додадете ги пудинзите и гответе додека пудингот не згусне.
11. Чекор
Во врелиот пудинг измешајте го маргаринот и додадете Мелена Посна Плазма.
12. Чекор
Оставете 10-15 минути пудингот да се олади потоа сипете го преку џемот од малини. Тргнете го на ладење.
13. Чекор
Чоколадото и маргаринот стопете ги и прелијте ги преку оладениот колач.
14. Чекор
Кога ќе се стегне чоколадото исечете ги коцките со врел нож. Додадете свежи малини по желба.
15. Чекор
Кога ќе се стегне чоколадото исечете ги коцките со врел нож. Додадете свежи малини по желба.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise