Чоколадни сладолед сендвичи
Детско катче

Чоколадни сладолед сендвичи

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 20 мин.

Порција слика Величина: 8

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

100 г мелени бадеми

100 г Мелена Плазма

2 лажици мед

60 мл стопено масло од кокос

¼ кафена лажичка сода бикарбона

¼ кафена лажичка јаболков оцет

2 големи банани, исечкани и замрзнати

½ кафена лажичка екстракт од ванила

60 г стопено црно чоколадо

1. Чекор

Загрејте ја рерната на 160°C.

2. Чекор

Тавата за печење обложите ја со хартија за печење.

3. Чекор

Во поголем сад измешајте Плазма, сода бикарбона и мелени бадеми, потоа додајте мед, кокосово масло и екстракт од ванила и измешајте се заедно.

4. Чекор

Земете од смесата со лажица за сладолед и ставете на подготвената тава за печење, повторувајте ја постапката додека смесата се потроши.

5. Чекор

Колачињата печете ги на загреана рерна 12-15 минути, и кога ќе ги извадите од рерна, оставете ги да се оладат.

6. Чекор

Направете сладолед така што во мултипрактит ќе ги ставите смрзнатите банани, млекото, ванилата и стопеното изладено чоколадо и мелете додека не добиете соединета смеса.

7. Чекор

Топка сладолед ставете помеѓу две колачиња и стиснете. Повторете ја постапката додека не ги потрошите колачињата и сладоледот.

8. Чекор

Подготвените сендвичи чувајте ги во замрзнувач до послужување.

9. Чекор

Вашиот десерт е готов!

9 Чекор

Автор:

Zorica Lakonić/My pans and pots

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики