
Переци со крцкаво посипување
Основни информации:
Време на подготовка: 4 часа
Величина: 20 парчиња
Сложеност:
Состојки:
Околу 550 г брашно
Прстофат сол
100 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер
250 мл млеко
1 јајце
100 г путер
Посипување:
50 г брашно
20 г шеќер
40 г ладен путер, исечен на коцки
5 парчиња Плазма бисквити
Декорација:
1 јајце за премачкување
100 г бело чоколадо
1 лажица сончогледово масло
Шарени трошки за декорација
1. Чекор
Стопете го путерот на тивок оган и оставете да се олади. Стоплете го млекото да биде топло, во млекото додадете лажица шеќер и кесичка сув квасец, промешајте и оставете го квасецот да се активира. За тоа време, во чинија истурете 500 г брашно, сол, шеќер, јајце, изладениот путер и на крај додадете го активираниот квасец. Замесете тесто, по потреба додајте го останатото брашно 50 г (или повеќе) додека не добиете мазно, средно меко тесто. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете го тестото да се удвои.
2. Чекор
За тоа време спремете го посипувањето така што во чинија ќе го измешате брашното и шеќерот, додадете исецкан путер и со прсти омекнете го со сувите состојки за да добиете трошки со величина на грашок. Покријте ја чинијата и оставете ја во фрижидер до искористување.
3. Чекор
Спремете две големи тави за печење и обложите ги со хартија за печење.
4. Чекор
Кога тестото ќе се удвои, расукајте на малку набрашната подлога, формирајте дебела ролна од тесто и исечете 20 еднакви делови. Од секој дел направете црв во должина од 30-35 цм и замотајте го во форма на перек. Добиените переци наредете ги во подготвените тави, со растојание еден од друг затоа што треба сеуште да се удвојат. Покријте ги и оставете ги да нараснат околу 30 минути.
5. Чекор
За тоа време, вклучете ја рерната да се загрее на 180 °C. Во посипувањето во фрижидер додадете Плазма која со раце ќе ја здробите во помали делови, во величина на трошките од посипувањето. Пред да ги ставите во рерна премачкајте ги переците со изматено јајце, па на секој перек посипете со посипувањето со Плазма. Печете ги околу 20 минути или додека не добијат златна боја. Оставете ги да се оладат и декорирајте.
6. Чекор
Белото чоколадо стопете го со лажица масло на тивок оган. Переците декорирајте ги со стопена чоколада и веднаш посипете со шарените трошки. Послужете веднаш.
7. Чекор
Вашиот десерт е готов!

Автор:
Ana V. Đurđević/Prstohvat soli

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise