Плазма три колоре
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин. + 3 ч ладење
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
Подлога:
50 г путер
20 г шеќер во прав
150 г Мелена Плазма
100 мл млеко
Крем:
200 г жолчки
100 г шеќер
90 мл млеко
50 мл слатка павлака
10 г желатин
120 г црно чоколадо
150 г млечно чоколадо
150 г бело чоколадо
100 г Мелена Плазма
800 мл слатка павлака
Декорација:
свежи малини,
јагоди
капини
1. Чекор
За кората изматете ги пенесто путерот и шеќерот во прав. Додадете Плазма и млеко, соединете и формирајте кора на дното од калапот од 28 цм.
2. Чекор
Подгответе го желатинот спрема упатството од кесичката.
3. Чекор
Измешајте ги жолчките, шеќерот, млекото и слатката павлака и гответе ги на пареа со постојано мешање.
4. Чекор
Во зготвените жолчки додадете го желатинот кој го подготвивте претходно, измешајте добро и тргнете ги на ладење половина час.
5. Чекор
Додека жолчките се ладат истопете ги сите три чоколади во посебни чинии и оставете неколку минути да се оладат да не бидат врели.
6. Чекор
Изматете ја слатката павлака до 80%.
7. Чекор
Во изматената павлака додадете ги оладените жолчки, измешајте со шпатула, додадете Плазма и соединете.
8. Чекор
Кремот поделете го на три еднакви делови и во секој од нив додадете по еден вид чоколадо и соединете.
9. Чекор
На формираната кора нанесете го прво кремот од црно чоколадо, потоа ставете го 10 минути во замрзнувач.
10. Чекор
Нанесете го вториот слој со млечно чоколадо и ставете 10 минути во замрзнувач.
11. Чекор
Повторете го истото и со последниот слој од бело чоколадо.
12. Чекор
Ставете во фрижидер на ладење неколку часа.
13. Чекор
Декорирајте со свежо овошје.
14. Чекор
Вашата торта е готова!
Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise