Плазмачинки
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
Палачинки:
5 јајца
270 мл млеко
50 мл кисела вода
30 мл масло
140 г брашно
40 г Мелена Плазма
Фил:
300 г бело чоколадо
375 мл течна слатка павлака + 500 мл изматена слатка павлака
200 г Мелена Плазма
Две лажици џем од јагоди
Две лажици џем од боровинки
Две лажици џем од малини
Декорација:
Свежи малини, боровинки и јагоди
Мелена Плазма
1. Чекор
Изматете ги јајцата со жица и додадете млеко и кисела вода.
2. Чекор
Додадете брашно и Мелена Плазма и продолжете со мешање се додека не останат грутки од брашното и потоа додадете масло.
3. Чекор
Мешајте додека не се соедини смесата.
4. Чекор
Загрејте ја тавата и испечете ги палачинките со дијаметар до 15 цм.
5. Чекор
Скршете го белото чоколадо на ситни парчиња.
6. Чекор
Зовријте 375 мл слатка павлака и прелијте над чоколадото.
7. Чекор
Мешајте додека чоколадото не се стопи а потоа тргнете на страна за ганашот да се олади на собна температура.
8. Чекор
Во меѓувреме изматете 500 мл слатка павлака.
9. Чекор
Во изматената павлака додадете Мелена Плазма а потоа и изладениот ганаш.
10. Чекор
Измешајте добро и добиениот мус поделете го на три еднакви делови.
11. Чекор
Во првиот дел додадете џем од јагоди, во вториот џем од боровинки и во третиот џем од малини, потоа измешајте добро секој дел за да не останат грутки од џемот.
12. Чекор
На изладените палачинки ставете фил, и преклопете ги палачинките без да ги свиткате.
13. Чекор
Повторете ја постапката додека не ги потрошите палачинките и филот.
14. Чекор
Декорирајте ги палачинките со свежо овошје во зависност од филот кој сте го користеле.
15. Чекор
Посипете со Мелена Плазма и уживајте.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise