Чоколадни палачинки со малини
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин.
Величина: 16
Сложеност:
Состојки:
Палачинки:
4 цели јајца + 1 жолчка
250 мл млеко
50 мл кисела вода
30 мл масло
120 г брашно
15 г какао
Фил:
200 г сирење маскарпоне
200 мл слатка павлака
100 г какао крем
200 г свежи малини
100 г Мелена Плазма
Декорација:
100 г стопен какао крем
Малини
Мелена Плазма
1. Чекор
Целите јајца и жолчката изматете ги добро со жица.
2. Чекор
Додадете млеко и соединете го со јајцата.
3. Чекор
Измешајте ги брашното и какаото и додадете ги во смесата.
4. Чекор
Матете со жица додека тестото не биде без грутки од брашното.
5. Чекор
Загрејте ја тавата и испечете ги палачинките со дијаметар од 15 цм.
6. Чекор
Изматете ја слатката павлака и тргнете ја на страна.
7. Чекор
Whip the whipping cream and leave aside.
8. Чекор
Соединете го маскарпонето и какао кремот, додадете ја изматената слатка павлака и Мелената Плазма и измешајте со шпатула.
9. Чекор
Нанесете од кремот на оладените палачинки во средина, наредете неколку малини и преклопете ја еднаш едната страна потоа и другата без тркалање.
10. Чекор
Повторете ја постапката додека не ги потрошите палачинките и филот.
11. Чекор
Со какао кремот декорирајте ги палачинките по желба и потоа ставете уште неколку свежи малини.
Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise