Mафини сo Плазма и боровинки
Основни информации:
Време на подготовка: 35 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
ТЕСТО
200 г брашно
50 г овесни снегулки
50 г Мелена Плазма
1 кесичка прашок за печиво
прстофат сода бикарбона
100 г путер
100 г шеќер
2 јајца
200 мл јогурт
eкстракт од ванила
150 г свежи (или замрзнат) шумски боровинки
НАРОСУВАЊЕ
50 г Мелена Плазма (2 полни лажици)
1 лажица шеќер
20 г путер
1. Чекор
Во еден сад измешајте ги брашното, Мелената Плазма, овесните снегулки, прашокот за печиво и содата бикарбона.
2. Чекор
Во друг сад со жица за мешање изматете го путерот на собна температура, подоа додадете шеќер, па јајца, едно по едно, јогурт и арома.
3. Чекор
Сувите состојки додадете ги во влажните, измешајте ги нежно само колку да се спојат, па додадете ги боровинките и кратко измешајте ги. Во калапите за мафини со лажица за сладолед распоредете го тестото.
4. Чекор
Крцкавото наросување направете го така што во сад ќе ги измешате Мелената Плазма, шеќерот и растопениот путер. Оваа смеса истурете ја преку мафините.
5. Чекор
Калапот печете го во рерна на 200 °C, околу дваесетина минути те. додека чепкалката која ќе ја боцнете во средина не излезе сува. Мафините извадете ги на решетка за да се изладат, а потоа сервирајте ги.
6. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Olivera Senić/Ja u kuhinji
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise