Звездички cake pops со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин. + 30 мин. замрзнување
Величина: 20
Сложеност:
Состојки:
300 г Мелена Плазма
100 г омекнат путер
100 мл сок од портокал
50 г чоколадо
50 г печени лешници
Глазура:
200 г темно чоколадо
5 лажици масло
1. Чекор
Измерете ја Мелената Плазма и ситно сечканите лешници во еден сад. На пареа истопете го чоколадото, и заедно со омекнатиот путер и сокот од портокал додадете го во Мелената Плазма. Измешајте ги добро сите состојки за да добиете леплива, соединета смеса.
2. Чекор
Смесата распоредете ја на парче хартија за печење, да биде со дебелина од околу 8 мм до 1 цм. Ставете во замрзнувач на околу 20 минути да се олади добро и да почне да се стегне. Потоа извадете од замрзнувач и со мал калап во форма на ѕвезда исечкајте облици од оваа смеса (ако смесата не е стегната, можно е да се лепи за калапот и нема да земе облик). Формираните ѕвездички наредете ги во парче хартија за печење, и вратете ги пак во замрзнувач, на околу 10 минути. Од остатокот од смесата можете да обликувате мали топчиња или кога ќе омекне распоредете ја пак и оставете да се стегне па можете пак да исечкате ѕвездички.
3. Чекор
Додека ѕвездичките се во замрзнувач, на пареа или многу ниска температура, стопете го чоколадото со масло и добро измешајте за да добиете мазна смеса. Подгответе ги стапчињата за cake pops, и меко парче стиропор во кој ќе ги избодите колачињата на стапче.
4. Чекор
Извадете ги стегнатите ѕвездички од замрзнувач. Стапчето потопете го во стопено чоколадо, па во стегнатата ѕвездичка. Ако забележите дека ѕвездичките се омекнати, откако ќе им ставите стапчиња, вратете ги пак во замрзнувач за кратко.
5. Чекор
Стегнатите ѕвездички на стапче потопете ги во стопено чоколадо од сите страни, и другиот крај на стапчето забодете го во стиропорот за чоколадото да се стегне. Додека чоколадото е сеуште меко, декорирајте дополнително по избор.
6. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise