
Шарени крофнички со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 40 мин.
Величина: 24
Сложеност:
Состојки:
190 г меко пченично брашно
50 г Мелена Плазма
100 г шеќер
1 лажиче прашок за печиво
прстофат сол
120 мл матеница (120 ml млеко и 1 лажичка
лимонов сок)
1 јајце
1 лажица масло
ПРЕЛИВ
1 шолја шеќер во прав
2-3 лажици млеко
прехранбени бои по желба
масло за премачкување на
калапот
Декорација:
Шарени трошки
Мелена Плазма
1. Чекор
Првин подгответе ја матеницата. Во млекото истурете го лимоновиот сок и оставете ги околу 5 минути.
2. Чекор
Во сад ставете јајца, матеница, сол, шеќер, Мелена Плазма, брашно, прашок за печиво и масло. Добро измешајте ги сите состојки со жица за да нема грутки. Смесата истурете ја во дресир кеса со тркалезно продолжение или во кеса за замрзнувач на која ќе ѝ го исечете врвот.
3. Чекор
Истиснете ја смесата во калап, и затворете со капак.
4. Чекор
Печете 5 минути, па подигнете го капакот и продолжете го времето за печење доколку е потребно.
5. Чекор
За прелив додадете млеко, лажица по лажица, и шеќер во прав додека не добиете густа но течна смеса. Смесата обојте ја по желба.
6. Чекор
Натопете ја секоја крофничка во глазурата и наредете ги на жица, се додека не испадне вишокот од глазурата. Додека е влажна глазурата, крофничките наросете ги со шарени трошки или со Мелена Плазма.
7. Чекор
Вашиот десерт е готов!

Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise