Плазма чуроси
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
100 г путер
250 мл вода
3 јајца
150 г брашно
50 г Мелена Плазма
¼ лажичка сол
Декорација:
100 г Мелена Плазма
10 г цимет
1. Чекор
Стопете маргарин во тенџере и додадете вода и малку сол. Кога ќе стане врело додајте брашно, по една минута додајте Мелена Плазма (полесно е да се додава на два три пари, и да се меша брзо додека тестото не стане компактно).
2. Чекор
Изладете го добро за да не се зготват јајцата од топлината на тестото. Потоа додавајќи ги јајцата едно по едно изматете го тестото. Префрлете го во слаткарска кеса со метален додаток и одредете величина по ваш вкус.
3. Чекор
Маслото загрејте го на јачина од 7 до 9 , пржете полека и редете ги на хартија за да го собере вишокот масло.
4. Чекор
Чуросите извалкајте ги во мешавина од Плазма, шеќер и цимет. Додатно стопете чоколадо по избор, крем или карамела, за потопување и на страна додајте уште Мелена Плазма за потполно уживање.
5. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise