Шарени колачиња
Основни информации:
Време на подготовка: 25 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
2 јајца
120 г путер
130 г шеќер
5 г сода бикарбона
5 г прашок за пециво
100 г црно чоколадо
190 г брашно
20 г какао
60 г Мелена Плазма
Фил:
200 г какао крем
100 г Мелена Плазма
Шарени бонбони
1. Чекор
Изматете ги јајцата со лажица и додадете шеќер и матете додека јајцата не станат пенести.
2. Чекор
Стопете го путерот и додадете го во јајцата.
3. Чекор
Брашното измешајте го со сода бикарбона, прашокот за пециво, Мелена Плазма и какао.
4. Чекор
Мешавината од сувите состојки додадете ја во смесата од јајца и замесете со рака.
5. Чекор
Исечкајте го црното чоколадо и додадете го во тестото. Доколку тестото е лепливо додадете уште малку брашно сé додека не се лепи.
6. Чекор
Измешајте го какао кремот и Мелената Плазма.
7. Чекор
Одвојте околу 50 г од тестото, растегнете го тестото на рака, ставете лажичка какао крема со Мелена Плазма и потоа затворете го кремот со тестото со рака.
8. Чекор
Наредете ги колачите во плех обложен со хартија за печење така што делот каде што сте го затвориле колачето ќе го ставите свртен кон плехот.
9. Чекор
По желба декорирајте со шарени бонбони
10. Чекор
Печете ги 10 минути на 180 ºC.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise