Плазма ice cream pops
Детско катче

Плазма ice cream pops

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 3 часа

Порција слика Величина: 10

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Состојки:

1 дл млеко

1 лажица оцет

1 јајце

80 г шеќер

50 г масло

100 г меко брашно

5 г прашок за пециво

¼ лажичка сода бикарбона 

Фил: 

100 г бело чоколадо

80 г путер

Здробен бисквит

100 г Мелена Плазма

Околу 100 г грчки јогурт

Декорација:

300 г бело чоколадо

Околу 9 лажици масло

Боја за колачи

Украси 

1. Чекор

Калапот за торта со димензија 20 цм обложите го со масна хартија.

2. Чекор

Загрејте ја рерната на 170°C.

3. Чекор

Млекото на собна температура и оцетот измешајте ги и оставете ги на страна. Набргу ќе се направи матеница.

4. Чекор

Јајцата, шеќерот и маслото изматете ги со миксер, додадете просеано брашно, прашок за пециво и сода бикарбона т.е. матеницата. Измешајте и истурете во подготвениот калап, т.е печете во рерна на 170°C околу 25 минути. Изладете на решетка околу 10 минути, извадете го обрачот и хартијата и оладете.

5. Чекор

Белото чоколадо и путерот стопете ги на пареа и оладете.

6. Чекор

Здробете го бисквитот, додадете ги наведените состојки и замесете.

7. Чекор

Намачкајте го силиконскиот калап за сладолед со глазура (стопете на пареа бело чоколадо и масло и додајте боја) и ставете во замрзнувач на 5 минути. Повторете ја постапката (секогаш ставете дрвено стапче на отворот за потоа да не пукне чоколадото во тој дел).

8. Чекор

По второто замрзнување калапот наполнете го со фил (не до врв), ставете стапче и израмните. Прелијте го филот со глазура и ставете во замрзнувач. Ладните сладоледи внимателно тргнете ги од калапот и украсете по желба.

9. Чекор

Вашиот десерт е готов!

9 Чекор

Автор:

Mirjana Marčinko/Od slatkoga slađe

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики