Крцкави ролни со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
1 јајце
50 г шеќер
100 г крем сирење
1/2 кафена лажица густин
1 супена лажица вода (за затворање на ролните)
3 кори за пита
500 мл масло
50 г Мелена Плазма
Сос
50 г чоколадо за готвење
50 мл незасладено кондензирано млеко или слатка павлака
1. Чекор
Во една средна чинија изматете го јајцето и шеќерот со виљушка, додајте крем сирење додека состојките да се соединат.
2. Чекор
Во една шолја измешајте густин со вода. Посипете масло во тенџере и ставете на умерен оган убаво да се загрее.
3. Чекор
Корите за пита исечете ги на 4 еднакви квадрати и филувајте. Свртете ги така што почетните краеви да бидат свртени кон вас. Во тој агол ставете лажица од филот и пола лажица Мелена Плазма, па преклопите со работ наспроти вас и свртете ги неколку пати.
4. Чекор
Потоа преклопете ги навнатре и рабовите кои се на страна, и продолжете да вртите додека да добиете ролна.
5. Чекор
Работ на ролната премачкајте го со мешавината од густин и вода и залепете. Во масло можете да испржите повеќе ролни одеднаш само бидете внимателни да ги вртите во текот на пржењето за да добијат рамномерна златно кафеава нијанса.
6. Чекор
По 2-3 минути тргнете ги на салфетка или решетка за да се исцеди вишокот масло.
7. Чекор
Во помало тенџере истурете кондензирано млеко и скршено чоколадо за готвење. Загрејте, со постојано мешање на тивок оган за да добиете густ свиленкаст сос. Истурете го сосот во чаша и послужете со крцкавите ролни.
8. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise