Плазма тиквички
Основни информации:
Време на подготовка: 2ч и 30 мин
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
10 г сув квасец
160 мл млеко
50 г кафеав шеќер
240 г пире од тиква
1 јајце
450 г брашно
60 г Мелена Плазма
Лажичка цимет
80 г путер на собна температура + 20 г путер за премачкување
Состојки за полнење:
100 г путер
2 жолчки
110 г шеќер кристал
250 г крем сирење
250 г Мелена Плазма
1. Чекор
Одвојте 50 мл млеко во поголема чинија и во него додадете го сувиот квасец и пола лажичка кафеав шеќер. Оставете 5 минути да се активира квасецот.
2. Чекор
Во активираниот квасец додадете го остатокот од млекото, кафеавиот шеќер, пирето од тиква и јајцето.
3. Чекор
Додадете Мелена Плазма и брашно и почнете да месете тесто.
4. Чекор
Кога тестото ќе почне да се соединува додадете путер малку по малку додека не го потрошите.
5. Чекор
Месете го тестото додека не стане мазно.
6. Чекор
Намачкајте поголем сад со масло, ставете го тестото, затворете со најлонска фолија, покријте со крпа и оставете го тестото на топло место да нарасне 1 час.
7. Чекор
Додека тестото нарасне подгответе го полнењето така што ќе ги соедините сите состојки и ќе измешате добро.
8. Чекор
Нараснатото тесто замесете го повторно и поделете го на 12 топчиња.
9. Чекор
Секое топче развлечете го на набрашнета површина, префрлете на дланка, додадете лажица од полнењето и затворете го тестото за повторно да добиете топче.
10. Чекор
Исечете 12 ленти од јаже со должина од околу 30 цм.
11. Чекор
Направете ги тиквичките со помош на јажето така што ќе го ставите на врвот од топчето од тесто и ќе го свртите. Вкрстите ги двата краеви на јажето за да добиете крст и повторете ја постапката додека не добиете 8 мали делови на тиквата. Исечете го вишокот од јажето. Повторете ја постапката со секое топче. Не стегајте го јажето премногу за да не пукне тестото при печење.
12. Чекор
Тиквичките наредете ги на плех за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат уште половина час.
13. Чекор
После половина час загрејте ја рерната на 180 степени, потоа печете 25-30 минути додека не станат златни.
14. Чекор
Печените тиквички оставете ги да се оладат 15 минути и потоа тргнете ги јажињата.
15. Чекор
Премачкајте ги со путер и уживајте.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise