Плазма ролат
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин + 3 ч ладење
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
Кора:
250 г белки
300 г шеќер
1 лажица густин
Сок од половина лимон
Фил:
300 г сирење маскарпоне
250 г бело чоколадо
350 г слатка павлака
150 г Мелена Плазма
1. Чекор
Стопете ја слатката павлака и белото чоколадо за филот и оставете да се олади добро.
2. Чекор
За кората изматете ги белките и додадете го шеќерот лажица по лажица и матете додека шеќерот не се растопи и добиете цврста пена.
3. Чекор
Додадете лажица густин и сок од лимон и соединете со шпатула.
4. Чекор
Истегнете ги корите на плех обложен со хартија за печење и печете половина час на 165 °C.
5. Чекор
Изладеното чоколадо изматете го со миксер, додадете маскарпоне и соединете со Мелена Плазма.
6. Чекор
Готовата кора веднаш префрлете ја на крпа така што горниот дел ќе го свртите надолу.
7. Чекор
Тргнете ја хартијата за печење, почекајте минута, две и нанесете го филот рамномерно преку целата кора.
8. Чекор
Завиткајте во ролат и декорирајте по желба.
9. Чекор
Пред послужување оставете го неколку часа во фрижидер
10. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise