Плазма бакнежи
Основни информации:
Време на подготовка: 45 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
150 г брашно
100 г шеќер
50 г мелени печени лешници
100 г Мелена Плазма
160 г путер
10 г какао
200 г како крем
Шарени трошки
1. Чекор
Соединете ги брашното, шеќерот, Мелената Плазма и лешниците.
2. Чекор
Исечкајте го путерот на парчиња и замесете го со брашното за да добиете тесто кое не се лепи.
3. Чекор
Тестото поделете го на два дела, во едниот додадете какао, а во другиот дел шарени трошки.
4. Чекор
Добиените теста покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер 1 час за да се олади добро.
5. Чекор
Подгответе го плехот обложен со хартија за печење.
6. Чекор
Извадете го тестото со какао и од него обликувајте топчиња по сакана големина. Помеѓу топчињата оставете доволно простор затоа што колачите се шират во текот на печење.
7. Чекор
Повторете ја постапката и со шареното тесто.
8. Чекор
Печете ги колачите 15 минути на 170 °C.
9. Чекор
По печење оставете ги колачите да се оладат.
10. Чекор
Кога колачите ќе се оладат доволно, залепете по две колачиња така што помеѓу нив ќе ставите пола лажичка какао крема.
11. Чекор
Вашите колачи се готови!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise