Recepti bajms - Карамел колач со јаболка и Мелена Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 50 мин.
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
300 г Мелена Плазма
130 г растопен путер
130 мл млеко
2 кесички пудинг од карамел
80 стопен путер
5 лажици шеќер
100 г путер
200 мл матена слатка павлака
5 лажици Мелена Плазма
6 јаболка (исечкани на коцки)
200 г шеќер
1 лажица вода
1 лажица путер
1. Чекор
За подлогата е потребно да ги соедините Мелената Плазма, стопениот путер и млекото со миксер, а потоа втиснете ја во калап.
2. Чекор
За филот е потребно да ставите да зоврие 600 мл млеко и шеќер, 200 мл млеко и 2 кесички пудинг од карамела соединете ги на страна, и додадете ги во врелото млеко за да зготвите пудинг. Покријте го пудингот со најлонска фолија и оставете го да се олади.
3. Чекор
Во изладениот пудинг додадете путер, а потоа и матената слатка павлака, потоа измешајте. На крај додадете и Мелена Плазма и филот истурете го над подлогата од бисквит.
4. Чекор
За делот со карамел ставете шеќер со вода да се карамелизира на среден оган, а потоа тргнете од оган и измешајте ги исечканите јаболка. Во тој момент карамелата ќе се стегне бидејќи јаболката ќе пуштат вода, но вратете ги на оган и почекајте карамелата да се стопи повторно, а водата од јаболката да испари. Потоа префрлете ги јаболката во стаклена чинија и оладете ги, а потоа додадете и путер, т.е соединете. Карамелизираните јаболка ставете ги над филот и оставете го колачот убаво да се стегне во фрижидер, најдобро во текот на ноќта.
Автор:
Recepti bajms
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise