Празнични десерти

Armina Memić - Баклава со Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 2 часа

Порција слика Величина: 30

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

2 пакувања кори (2х450 г)

1 кг ореви

100 г шеќер

200 г Мелена Плазма

250 г путер

200 мл масло

 

Шербет:

1200 г шеќер

1200 мл вода

Еден лимон

1. Чекор

Ставете го шербетот да зоврие.

2. Чекор

Потоа оставете го да се готви уште 15 минути.

3. Чекор

Пред крај на готвење ставете го лимонот исечен на тенки кругови. Користете округла тепсија со дијаметар 36 цм. Ставете ја тепсијата на корите и заокружете т.е. исечете по големината на тепсијата. Намачкајте ја тепсијата, ставете 3 кори и секоја од нив намачкајте ја со растопен путер и масло. На четвртата кора сипете од мешавината со ореви шеќер и Плазма. Секоја следна кора мачкајте ја со путер и масло и посипете од оревите. Краевите кои останаа при сечење на корите да не се фрлаат туку да се ставаат во текот на редењето. Повторете ја постапката се додека имате кори и ореви. На крај оставете 3 кори и само намачкајте ги со растопен путер и масло.

4. Чекор

Исечете ја баклавата, а потоа прелијте ја со остатокот од путер и масло.

5. Чекор

Печете ја баклавата на 200°C додека не зарумени, потоа намалете на 120°C и печете уште 1 час.

6. Чекор

По печењето прелијте ја баклавата полека во тенок млаз од шербет (врелата баклава прелијте ја со ладен шербет).

Автор:

Armina Memić

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики