Cook on the bright side - Плазма десерт во чаша
Основни информации:
Време на подготовка: 20 мин + 30 мин ладење
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
1 пакување Плазма бисквити
1 пакување Плазма коцки
300 мл слатка павлака
100 г црно чоколадо
200 г крем сирење
чоколадни копчиња за топинг
1. Чекор
Изматете слатка павлака, крем сирење и смесата поделете ја во две садови. Стопете го чоколадото на пареа и додадете 50 мл слатка павлака. Бидет внимателни садот да не ја допира водата во тенџерето. Во едната половина додадете го стопеното чоколадо и добро изматете.
2. Чекор
Сега на ред е Плазмата. Ставете ги во кеса и добро удирајте ги со сукало. Истата постапка направете ја и со Плазма коцките. Плазмата оставете ја на страна, а коцките додадете ги во другата бела половина од смесата. Сега почнуваме со редење. Чоко фил, плазма, бел фил. Повторете уште еднаш и додадете ги чоколадните копчиња. Оставете да се лади 30 минути и уживајте во овој сладок десерт.
Автор:
Cook on the bright side
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise