Празнични десерти

Marija Mazalin - Choco Plazma cheesecake

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 30-45 мин.

Порција слика Величина: 10

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Калапот е со дијаметар 20 цм. Упатствата за поголем калап се во рецептот.

150 г Мелена Плазма

2 полни лажици шеќер во прав

1 лажица какао

100 г путер

Доколку калапот е поголем дуплирајте ги состојките за базата

300 г Плазма

600 г намаз од сирење

500 г слатка павлака (за шлаг)

200 г бело чоколадо

150 г темно чоколадо за готвење

За поголем калап не е потребно да се дуплираат сосотојките за кремот. Колачоот ќе биде малку понизок, односно „нормална висина“

1. Чекор

Измешајте со жица Мелена Плазма, шеќер во прав, и растопен путер.

2. Чекор

Во калапот ставете ја базата, распоредете ја и втиснете со чаша.

3. Чекор

Плазма бисквитите втиснете ги на рабовите на базата до внатрешната граница на калапот, полека да не пукнат, но сепак да стојат исправено на базата.

4. Чекор

Во длабок сад (за да не прска) измиксајте го намазот од сирење и слатката павлака за шлаг до пола текстура на шлаг и разделете го во два садови.

5. Чекор

Растопете го белото чоколадо на пареа или во микробранова, додадете половина од кремот и полека измиксајте. Растопете го темното чоколадо на пареа или во микробранова, додадете го во другиот сад и повторно измиксајте кратко. – По додавање на стопените чоколада, миксајте до текстурата која ја сакате.

6. Чекор

Светлиот и темниот крем можете да ги распоредите еден над друг над базата, а можете и да направите мермерен ефект како мојот.

7. Чекор

За мермерен ефект, на базата наизменично редете по една лажица темен и една лажица светол крем па потоа со нож поминете со виткање над целата површина. За калап со дијаметар како мојот ова направете го во два реда, а во поголем калап во еден ред.

8. Чекор

По желба оставете малку крем за декорација на врвот, како мојата со „солзи“. За неа е потребно со врвот на ножот да ставите крем и потоа малку повлечете за да добиете изглед на солза и така наизменично со двата крема. Можете и само да ја измазните површината и по желба да посипете Мелена Плазма.

9. Чекор

Тортата се лади 3 часа или повеќе.

Автор:

Marija Mazalin

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики