Od slatkoga slađe - Плазма мус чоколадна торта
Основни информации:
Време на подготовка: 2 ч (1 ч ладење)
Величина: 18-20
Сложеност:
Состојки:
Состојки за бисквит:
3 белки
80 г шеќер
80 г тостирани мелени лешници
20 г глатко брашно
15 г какао
Состојки за Плазма кремот:
2 листови желатин
3 дл слатка павлака
30 г шеќер во прав
100 г Мелена Плазма
40 г мелени ореви
Состојки за чоколаден крем:
6 листови желатин
5 дл слатка павлака
3 жолчки
1 дл слатка павлака
50 г шеќер во прав
200 г чоколадо за готвење
1 лажица арома од ванила
Состојки за чоколадна глазура:
150 г слатка павлака за готвење
150 г чоколадо за готвење
1. Чекор
Бисквит: Матете ги белките на собна температура со миксер постепено додавајќи шеќер. Во снегот од белки измешајте ги наведените состојки.
2. Чекор
Истурете ја смесата во плех за торта обложен со хартија за печење со дијаметар 20 цм и печете во загреана рерна на 180˚C околу 15 минути.
3. Чекор
Оладете го бисквитот.
4. Чекор
Плазма крем: Прелијте го желатинот со вода.
5. Чекор
Измешајте ги топлата слатка павлака и шеќерот потоа додадете го исцедениот желатин. Мешајте за да нема грутки. Додадете Мелена Плазма и ореви.
6. Чекор
Дното на калапот за торта со дијаметар 20 цм обложите го со хартија за печење, а ѕидовите со фолија или хартија за печење.
7. Чекор
Ставете го бисквитот и прелијте го со топол крем и ставете го во замрзнувач 60 минути.
8. Чекор
Чоколаден рем: Прелијте го желатинот со вода.
9. Чекор
Жолчките, слатката павлака (1 дл) и шеќерот гответе ги на пареа додека смесата не постигне температура од 72 ⁰C. Додадете чоколадо и истопете го.
10. Чекор
Додадете ја смесата во шлагот (изматете 5 дл слатка павлака), додадете арома од ванила и измешајте.
11. Чекор
Во калап со дијаметар 24-26 цм втиснете го бисквитот и ставете го белиот крем, потоа додадете го чоколадниот крем.
12. Чекор
Ставете ја тортата во фрижидер и по 1-2 часа прелијте со чоколадна глазура (стопете ги слатката павлака и чоколадото во пареа).
13. Чекор
Изладете ја тортата преку ноќ, украсете по желба и послужете.
Автор:
Od slatkoga slađe
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise