Празнични десерти

Za svačiji ukus - Ролат со Плазма и банани

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 30 мин + 3ч ладење

Порција слика Величина: 10-15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Состојки за подлога:

300 г Мелена Плазма

150 г путер или маргарин

100 мл млеко

3 полни лажици чоколаден крем

Состојки за фил:

250 мл слатка павлака

200 г крем сирење

2 полни лажици шеќер во прав

Останати состојки:

2 банани

 

Декорација:

Какао за посипување

200 мл слатка павлака за декорација

1. Чекор

Во 300 г Мелена Плазма додадете истопен маргарин и 3 лажици чоколаден крем, измешајте убаво, и потоа додадете млеко.

2. Чекор

Замесете добро компактна смеса, а потоа оставете во фрижидер да отстои 10-15 мин додека го подготвите филот.

3. Чекор

За филот прво изматете ги со миксер крем сирењето и шеќерот во прав. Одвоено изматете ја слатката павлака, а потоа соединете ги двата фила заедно и измешајте добро со шпатула.

4. Чекор

Подготвената подлога извадете ја од фрижидер и развлечете ја на работна површина со најлонска фолија. Раширете го тестото за подлога на фолија, а потоа развлечете со сукало во форма на правоаголник.

5. Чекор

Намачкајте од подготвениот фил преку подлогата, а потоа на долгиот крај ставете две банани.

6. Чекор

Oлека со помош на фолијата завиткајте ролат како што е покажано на снимката и заедно со фолијата ставете го во фрижидер на најмалку 3 часа, најдобро преку ноќ.

7. Чекор

Кога ролатот ќе се олади, извадете го од фолијата, посипете со какао во прав и декорирајте по желба.

Автор:

Za svačiji ukus

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики