Празнични десерти

Jernejkitchen - Божикен ролат (штрудла)

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 2 часа

Порција слика Величина: 15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

80 г Мелена Плазма

50 г шеќер

½ лажичка ѓумбир

¼ лажичка алев пиперка

1 лажичка цимет

100 г суво овошје (кајсии, сливи, суво грозје)

80 мл рум

120 г путер

1 мандарина

400 г кора за пита

6 јаболка (Гала или Идаред)

6 крушки (вилјамовки или абата)

1 лажичка ванилин шеќер

2 лажички сечкани ореви

12 бисквити Плазма

100 г црно чоколадо

1. Чекор

Во мала чинија измешајте Мелена Плазма, шеќер, ѓумбир, алев пиперка и цимет. Оставете на страна.

2. Чекор

Ставете ги сечканите суви кајсии, сливи и сувото грозје во мала чинија. Прелијте ги со рум и ставете ги на среден оган. Доведете ги до вриење и гответе две до три минути. Тргнете од оган и оставете на страна.

3. Чекор

Ставете го путерот во помало тенџере, ставете на среден оган и почекајте да се стопи. Тргнете од оган и додадете сок од една мандарина.

4. Чекор

Излупете ги јаболката и крушките, извадете ги семките и изрендајте ги. Ставете ги во голема чинија и додадете ванилин шеќер, сувото овошје и сечканите ореви. Измешајте и оставете на страна. Бисквитите Плазма и чоколадото исечкајте ги крупно.

5. Чекор

Извадете ги корите од пакувањето. Ставете два листа на чиста кујнска крпа, преклопувајќи ги околу 10 цм. Тестото намачкајте го обилно со путер и посипете половина од тестото со четвртина од мешавината со мелена Плазма и шеќер (Чекор 1) и рамномерно распоредете преку половина од тестото. На колачињата рамномерно распоредете четвртина од подготвеното овошје. Потоа посипете со четвртина од Плазма бисквити и чоколадо. Ставете ја решетката на средина од рерната и загрејте ја на 180 степени. Обложите со хартија поголем плех со димензии 25х30 цм.

6. Чекор

Го завртувате тестото така што ќе почнете да вртите на пократкиот раб. Завртете цврсто. Со прсти штипнете ги надворешните рабови за да се затворат добро и филот да не истече во тек на печење. Ставете го ролатот внимателно на поголем плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката за да направите четири помали ролни. Прелијте се со останатиот растопен путер.

7. Чекор

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 50-60 минути, или доделка тестото не зарумени и стане крцкаво. Печената штрудла оставете ја на плехот најмалку 30 минути за да се олади, потоа посипете со шеќер во прав и послужете.

Автор:

jernejkitchen

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики