Празнични десерти

Chica shtikla kashika - Празнична Плазма торта

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1ч и 30 минути

Порција слика Величина: 15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Состојки: 

Кора (се печат 3 кори од 12 белки)

4 белки

4 лажици шеќер

4 лажици мелени бадеми

2 лажици Мелена Плазма

1 лажица пудинг од ванила

 

Фил:

12 жолчки

1 л млеко

3 пудинзи од ванила

200 г шеќер

250 г путер или маргарин

100 г црно чоколадо

100 г бело чоколадо 

6 лажици Мелена Плазма

Арома од ванила

 

Црвен фил:

600 г смрзнати малини

3 полни лажици густин

200 мл вода

100 г шеќер

 

1 ванилин шеќер

 

Декорација:

300 мл слатка павлака

1 лажица какао во прав

2 лажици вода

Листови од рузмарин и малини

1. Чекор

Вклучете ја рерната да се загрее на 180° - 190° C додека ја подготвите кората.

2. Чекор

За првата кора изматете 4 белки додека не станат пенести. Додадете една по една лажица од шеќерот и продолжете со матење.

3. Чекор

Кога смесата ќе стане цврста тргнете го миксерот. Претходно испечените листови бадеми сомелете ги, а потоа додадете 4 лажици мелени бадеми во смесата.

4. Чекор

Додадете 4 лажици Мелена Плазма и 1 лажица пудинг од ванила.

5. Чекор

Мешајте рачно додека не се поврзат сите состојки.

6. Чекор

Калапот со дијаметар 24 цм обложите го со хартија за печење, а странично намачкајте го со путер. Истурете ја полека смесата во калапот за печење и израмнете. Ставете ја да се пече 15 минути. Испечете уште две вакви кори!

7. Чекор

Црвен Фил: Ставете ги малините во тенџере заедно со шеќерот. Гответе на тивок оган. Измешајте го пудинот со 200 мл вода и додадете ги омекнатите малини. Гответе како пудинг. Кога ќе стане кремасто тргнете го од оган. Топлиот фил исцедете го за да се отстранат ситните коски на малините. Филот оладете го добро пред филување, најдобро преку ноќ во фрижидер.

8. Чекор

Жолт фил: Во тенџере истурете 800 мл млеко и оставете да се загрее до вриење. Намалете го огнот.

9. Чекор

Во тенџерето со зовриеното млеко гответе го пудингот со жолчките и мешајте полека на тивок оган. Кога ќе се згусне, тргнете од оган и поделете го филот на 2 еднакви делови (делете лажица по лажица).

10. Чекор

Фил со бело чоколадо: Во топлиот фил додадете 100 г бело чоколадо. Доколку филот е оладен, стопете го чоколадото па потоа додадете го во филот.

11. Чекор

Ладниот фил изматете го со 125 г путер на собна температура. Додадете 1 лажица арома од ванила и 3 лажици Мелена Плазма.

12. Чекор

Фил со црно чоколадо: Повторете ја постапката со другата половина од филот во која се додава 100 г црно чоколадо. Ладниот фил изматете го со 125 г путер на собна температура. Додадете 1 лажица арома од ванила и 3 лажици Мелена Плазма.

13. Чекор

Филување: На дното од калапот за торта или прстенот за филување ставете ја првата кора. Над неа сипете 4 лажици фил од малини.

14. Чекор

Преку црвениот фил сипете жолт фил и израмнете, а потоа распоредете го темниот фил и покријте со втората кора. Повторете ја постапката и со другата кора. Целата торта намачкајте ја со малку од темниот фил кој сте го одвоиле претходно. На горната кора сипете го остатокот од филот со малини. Оставете ја тортата во калапот за филување додека се стегне, а потоа поминете на декорација.

15. Чекор

Декорација: Во еден сад изметете 300 мл слатка павлака и декорирајте ја тортата. Во мал сад изматете какао и вода и со четкичка прскајте по тортата за да добие точкаст изглед Листовите од рузмарин распоредете ги низ тортата, а малините наредете ги низ ивиците.

16. Чекор

Напомена: Густината на филот зависи од величината на жолчките. Доколку филот е многу густ кога ќе се зготви, додадете 200 мл млеко директно во топлиот фил.

17. Чекор

Декорирајте ја тортата со свежи малини. Доколку малините се смрзнати, извалкајте ги во шеќер и декорирајте пред послужување за да не пуштат сок и ја обојат тортата.

18. Чекор

Температурата на печење зависи од јачината на рерната.

Автор:

Chica shtikla kashika

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики