Велигденска Плазма торта
Основни информации:
Време на подготовка: 2h
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
Состојки за бисквит:
10 јајца
300 г шеќер кристал
200 г брашно
80 г мелена Плазма
2 кесички прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер
150 мл масло
50 г какао
Состојки за крем:
800 мл слатка павлака
1 кг маскарпоне
1 кесичка желатин
300 г црно чоколадо
200 г мелена Плазма
2 кесички ванилин шеќер
Декорација:
Чоколадни јајца
Слатка павлака
Прехранбена боја
Плазма Мини Мини
1. Чекор
Започнете ја подготовката на бисквитот така што првично ќе ги изматите јајцата и шеќерот во пена. Додадете го маслото и измешајте со шпатула.
2. Чекор
Во одвоен сад измешајте брашно, какао и прашок за пециво и истурете ги во смесата од јајца.
3. Чекор
Додадете мелена Плазма и измешајте полека со шпатула додека не се соединат состојките.
4. Чекор
Подгответе два калапи со дијаметар 23 цм и обложете ги странично со хартија за печење.
5. Чекор
Смесата за кората истурете ја рамномерно во двата калапи и ставете ги на печење 30 минути на 180 степени.
6. Чекор
Желатинот за кремот подгответе го според упатството на кесичката.
7. Чекор
Истопете го чоколадото на пареа.
8. Чекор
Изматете ја слатката павлака со ванилин шеќер и додадете маскарпоне со постојано мешање.
9. Чекор
Истопете го набабрениот желатин и додадете го на смесата од маскарпоне.
10. Чекор
Додадете го истопеното чоколадо и мелената Плазма, потоа соединете го кремот со шпатула.
11. Чекор
Готовите оладени бисквити исечете ги на половина.
12. Чекор
Во калапот со дијаметар 23 цм ставете ја половината од едната кора, потоа нанесете рамномерно ¼ од кремот. Повторете ја постапката додека не ги потрошите кремот и корите така што кремот да биде последен. Ставете ја тортата да се лади. Изматете 300 мл слатка павлака и намачкајте ја оладената торта.
13. Чекор
Остатотокот од павлаката поделете го во 3 чинии и во секоја додадете прехрамбена боја по желба.
14. Чекор
Со слаткарски шприц декорирајте го работ на тортата во круг со разнобоен шлаг, а средината пополнете ја со Плазма Мини Мини.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise