Balkanska domaćica - Плазма малина торта
Основни информации:
Време на подготовка: 1ч + 4 ч ладење
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
Кори:
12 белки
12 лажици шеќер
150 г мелени ореви
3 лажици меко брашно
15 г прашок за пециво
Крем:
12 жолчки
10 лажици шеќер
2 пудинзи со вкус на ванила – 80 г
900 мл млеко
250 г путер или маргарин
100 г шеќер во прав
300 г Мелена Плазма
200 г кисела павлака
200 мл слатка павлака
Уште: 600 г малини
Декорација:
180 г шлаг крем
1. Чекор
Најпрвин замесете тесто за корите. Изматете 4 белки со 4 лажици шеќер за да се добие цврста пена.
2. Чекор
Додадете ги оревите, брашното, прашокот за пециво и полека соединете со шпатула. Истурете ја смесата во калап со дијаметар 26 цм, претходно обложен со хартија за печење и ставете го да се пече.
3. Чекор
Времето на печење е 13-15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. На ист начин подготвувате и печете уште две кори за да добиеме вкупно 3.
4. Чекор
Изматете 12 жолчки со 10 лажици шеќер, 2 пудинзи од ванила и 100 мл млеко за да се соединат убаво.
5. Чекор
Во тенџере сипете 700 мл млеко и ставете го да зоврие и кога ќе зоврие додадете ги матените жолчки и пудинг и гответе додека не згусне. Кога ќе биде готово тргнете од оган, покријте со фолија и оставете да се лади до собна температура.
6. Чекор
Изматете 250 г маргарин со 100 г шеќер во прав и потоа додадете го претходно подготвениот оладен фил, соединете потоа додадете 150 г Мелена Плазма и се добро изматете со миксер. Кога ќе завршиме првиот фил ни е готов.
7. Чекор
Подгответе го вториот фил. Изматете кратко со миксер 200 мл слатка павлака со 200 г кисела павлака. Додадете 150 г Мелена Плазма и 100 мл млеко и соединете. Со тоа го имаме и вториот фил.
8. Чекор
На чинијата во која ја филуваме тортата ја ставаме првата кора. Над првата кора намачкајте 1/3 од првиот фил. Над филот наредете 300 г малини и намачкајте со половина од другиот фил. Над плазма филот ставете ја втората кора и повторете ја постапката на филување. На крај ставете ја третата кора и намачкајте ја тортата одозгора и од страните со останатиот фил.
9. Чекор
Ставете ја тортата на ладење во фрижидер.
10. Чекор
Изматете 180 г шлаг крема според упатството од кесичката и украсете ја тортата по желба, потоа послужете.
Автор:
Balkanska domaćica
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise