Празнични десерти

Chica shtikla kashika - Посни Плазма ореви

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 40 мин.

Порција слика Величина: 60

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

250 г маргарин

100 г шеќер

200 мл вода

10 урми

1 лажичка арома од ванила

500 г мелени ореви

300 г посна Мелена Плазма

50 г црно чоколадо

1. Чекор

Измијте ги урмите и потопете ги во вода 10 минути за да се излупат полесно. Извадете ги семките и исечкајте ги колку што можете поситно за полесно да се стопат во вода која врие.

2. Чекор

Во едно тенџере соединете ги маргаринот, шеќерот и водата. Оставете да зоврие на тивок оган мешајќи постојано додека не се растопат сите состојки.

3. Чекор

Исечканите урми додадете ги во зовриената смеса и мешајте додека не се стопат урмите (доколку останало лушпа од урмите, потребно е течноста да се исцеди).

4. Чекор

Во еден сад соединете ја стопената смеса, мелените ореви и посната Мелена Плазма. Измешајте се заедно и додадете арома од рум и ванила. Кога сите состојки ќе се соединат во компактна смеса ставете ја во фрижидер 30 минути.

5. Чекор

Стопете го црното чоколадо и ставете го во слаткарска кеса за декорирање.

6. Чекор

Од изладената смеса направете топчиња колку едно мало топче. Металниот калап за ореви обложите го со најлонска фолија за оревите да се вадат полесно од калапот. Во калапот ставете го топчето од смесата и стиснете полека. Повторете ја постапката се додека не се потроши подготвената смеса.

7. Чекор

Поврзете ги оревите со стопено чоколадо. Обликуваните и оладените ореви стиснете ги со чепкалка за да добијат избразден изглед на орев. На здравје!

Автор:

Chica shtikla kashika

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики