Jelena Dosković - Тарт со јагоди и бело чоколадо
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
200 г Мелена Плазма
100 г путер
100 мл млеко
200 г свежи јагоди
250 г сирење маскарпоне
200 мл слатка павлака
200 г бело чоколадо
1. Чекор
За подлогата е потребно да се соедини Мелена Плазма со истопен, изладен путер и млеко на собна температура. Втиснете ја смесата на дното и краевите од калапот, израмнете убаво и оставете во фрижидер додека се подготват јагодите и кремот.
2. Чекор
После миење исушете ги убаво јагодите и секоја исечете ја на пола и наредете ги на целата површина од подлогата.
3. Чекор
За филот е потребно кратко да се измати сирењето маскарпоне, да се додаде слатката павлака и да се продолжи со матење, а пред крај и стопеното и оладено бело чоколадо. Соединете се заедно и прелијте го филот над јагодите.
4. Чекор
Оставете го тартот во фрижидер неколку часа пред вадење од калапот (за тоа ќе ви биде подобро да користите калап со одвоиво дно) Уживајте!
Автор:
Jelena Dosković
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise