Armina Memić- Плазма торта
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
500 + 100 мл слатка павлака
300 г Мелена Плазма
3 лажици шеќер во прав
100 г млечно чоколадо
200 г бело чоколадо
1. Чекор
Стопете го млечното чоколадо на пареа.
2. Чекор
Стопете го на пареа белото чоколадо заедно со 100 мл слатка павлака.
3. Чекор
Стопените чоколада оставете ги да се оладат на собна температура.
4. Чекор
Во 500 мл слатка павлака додадете шеќер, а потоа измиксајте но не во цврст шлаг.
5. Чекор
Изматената слатка павлака поделете ја на два дела. Во првиот дел ставете Мелена Плазма и измешајте. Тој дел е подлогата на тортата.
6. Чекор
Смесата со Мелена Плазма истурете ја во калап со дијаметар 20 или 24 цм.
7. Чекор
Во другиот дел од слатката павлака додадете го стопеното и оладено млечно чоколадо, т.е измиксајте со миксер во цврст шлаг.
8. Чекор
Кремот со млечно чоколадо ставете го над подлогата, а потоа оладеното стопено бело чоколадо над кремот.
9. Чекор
Чекор Оставете ја тортата на ладење во фрижидер, најдобро преку ноќта.
10. Чекор
Декорирајте ја тората со Мелена Плазма и Мини Плазма.
Автор:
Armina Memić
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise