Чизкејк со кокос, малини и Плазма
Колачи

Чизкејк со кокос, малини и Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 30 min.

Порција слика Величина: 16

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Подлога:

160 g мелена Плазма

40 г путер

3 лажици кокосово млеко

Крема:

300 g полномасно крем сирење

200 г грчки јогурт

300 мл слатка павлака

150 г густ дел од кокосово млеко или кокосова крема

6 лажици шеќер во прав

250 г свежи или замрзнати малини

1 кесичка желатин

6 лажици ладна вода

Уште:

50 – 100 g кокос

150 г малини

100 г здробена Плазма

1. Чекор

Подгответе кружен калап со подвижни рабови со дијаметар 25 цм. Обложите го дното со хартија за печење.

2. Чекор

Измешајте мелена Плазма со стопен путер и 3 лажици од течниот дел на кокосовото млеко. Ќе добиете густа, леплива смеса. Ако е потребно, додадете уште една или две лажици течен дел од кокосовото млеко, но бидете внимателни смесата да не биде многу мека. Потапкајте го слојот од бисквити на подготвениот калап, и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.

3. Чекор

Згмечете ги малините и по желба процедите (можете и да го прескокнете овој чекор.

4. Чекор

Желатинот прелијте го со ладна вода и оставете да набабри околу 15 минути.

5. Чекор

Измешајте го сирењето со шеќерот во прав, грчкиот јогурт и густиот дел од кокосовото млеко. Измиксајте ја слатката павлака во цврст шлаг. Додадете ја павлаката во останатите состојки, па со шпатула измешајте за да добиете глатка смеса. Набабрениот желатин стопете го на тивок оган, и додадете го во филот, мешајќи со миксер на најмала брзина.

6. Чекор

Кремот поделете го на три дела. Едниот дел оставете го бел, а во другиот додадете една третина од згмечените малини, а во третиот дел додадете две третини од малините.

7. Чекор

Преку оладената подлога распоредете го прво слојот со највеќе малини. Преку него додадете ги здробените парчиња Плазма. Потоа слојот со помалку малини, и над него распоредете ги целите малини. На крајот ставете го белиот слој и распоредете убаво. По површината посипете кокос, па колачот ставете го во фрижидер на ладење 5-6 часа за да се стегне добро.

8. Чекор

Вашиот десерт е готов!

8 Чекор

Автор:

Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики