Панакота со карамела
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час + 3–4 часа за ладење
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
10 г желатин
600 мл слатка павлака
2 супени лажици шеќер
1 стапче ванила
30 г Мелена Плазма
200 г шеќер
200 мл слатка павлака
150 г путер
Декорација:
50 г Плазма
1. Чекор
Желатинот истурете го во чинија, прелијте со пола чаша ладна вода и оставете да набабри.
2. Чекор
Слатката павлака истурете ја во тенџере заедно со шеќерот и стапчето ванила и загрејте на околу 40 °C. Тргнете од оган и додајте желатин
3. Чекор
Добиената смеса истурете ја во четири чаши до пола, додајте слој Мелена Плазма, па одозгора додајте го остатокот од смесата. Чашите ставете ги во фрижидер на 3-4 часа за смесата да се стегне.
4. Чекор
Загрејте ја слатката павлака. Стопете го шеќерот на тивок оган. Штом се стопи, тргнете го од оган и полека додајте слатка павлака со постојано мешање за да не се создадат грутки. Додајте путер исечен на мали парчиња и мешајте додека не се соединат сите состојки.
5. Чекор
Истурете во друг сад и оставете да се олади во собна температура.
6. Чекор
Панакотата која претходно сте ја изладиле прелијте ја со карамела и украсете со Плазма.
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise