Плазма брауни
Основни информации:
Време на подготовка: 90 мин.
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
250 г путер
350 г шеќер
4 јајца
60 мл подготвено инстант кафе
70 г какао
70 г Мелена Плазма
140 г брашно
1 кафена лажица прашок за пециво
100 г Плазма
200 г крем сирење
150 г шеќер во прав
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот за торта со величина 20 x 30 цм обложите го со хартија за печење.
2. Чекор
Во едно тенџере ставете ги путерот и шеќерот и ставете ги на тивок оган да се стопат. Изматете ги јајцата и додадете го кафето, какаото, Мелена Плазма, брашното, прашокот за пециво и стопениот путер. Измешајте добро, а потоа половина од чоколадната смеса истурете ја во калапот за печење.
3. Чекор
Во одделен сад измешајте ги крем сирењето и шеќерот во прав. Добиениот крем распоредете го со лажица над чоколадната смеса која претходно ја истуривте во калап.
4. Чекор
Над кремот додадете Плазма и прелијте со останатата чоколадна смеса и ставете ја во рерна да се испече 35 минути.
5. Чекор
Колачот може да го послужите ладен или топол, со топка сладолед.
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise