Топчиња со Плазма и путер од кикирики
Основни информации:
Време на подготовка: 2 часа и 30 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
Топчиња:
150 г Мелена Плазма
300 г путер од кикирики
100 г бело чоколади
120 мл слатка павлака
Глазура:
200 г црно чоколадо со 70% како
50 г бело чоколадо
малку масло
1. Чекор
Во едно тенџере ставете го путерот од кикирики, скршеното бело чоколадо и слатката павлака. Тенџерето ставете го на тивок оган за да се истопат состојките, а потоа тргнете ја од оган, додадете Мелена Плазма и измешајте добро.
2. Чекор
Добиената смеса оставете ја да се олади до собна температура и кратко ставете ја во фрижидер за дополнително да се стегне.
3. Чекор
Кога смесата ќе се олади и стегне потполно, направете топчиња, наредете ги на послужавник обложен со хартија за печење и вратете ги во фрижидер додека го стопите црното чоколадо на тивок оган.
4. Чекор
Натопете ги топчињата во стопеното чоколадо и со виљушка ставете ги на хартија за печење за да се стегне глазурата. Кога ќе ги завршите топчињата, вратете ги повторно накратко во фрижидер.
5. Чекор
Белото чоколадо со малку масло стопете го на пареа и ставете го во готварски шприц за да ги декорирате топчињата.
6. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Palachinka blog
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise