Тирамису парфе со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 25 мин. + 3 часа за ладење
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
Крцкав слој:
160 г Мелена Плазма
6 супени лажици врело јако црно кафе
1 супена лажица ликер калуа
1 супена лажица шеќер
Кремаст слој:
2 жолчки
2 супени лажици слатко десертно вино (на пример марсала или бермет)
60 г шеќер
125 мл слатка павлака
250 г сирење маскарпоне
Декорација:
какао
црно чоколадо
1. Чекор
Наполнете вода во едно поголемо тенџере и ставете на шпорет да зоврие.
2. Чекор
Во метална чинија измешајте ги жолчките со шеќерот и десертното вино, а потоа чинијата ставете ја над тенџерето и мешајте полека со жица или миксер 5-8 минути додека смесата не се удвои во волумен. Тргнете од оган и оставете некои 10 минути да се олади.
3. Чекор
Потоа додадете го сирењето маскарпоне и измешајте добро.
4. Чекор
Во посебен сад изматете ја оладената слатка павлака и додадете ја во смесата со сирење маскарпоне и соединете.
5. Чекор
Врелото црно кафе ставете го во шолја, додадете шеќер и ликер, потоа измешајте и прелијте ја Мелената Плазма која претходно сте ја ставиле во посебна чинија. Мешајте додека смесата не почне да личи на мокар песок.
6. Чекор
Земете 4 поголеми чаши и во секоја од нив наизменично редете крцкав па кремаст слој.
7. Чекор
Готовиот десерт оставете го во фрижидер 3 часа.
8. Чекор
Пред послужување посипете со какао и украсете со рендано црно чоколадо.
9. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Zorica Lakonic/My pans and pots
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise