Rocky road со парчиња Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 20 min.
Величина: 20
Сложеност:
Состојки:
200 г млечно чоколадо
200 г темно чоколадо
1 конзерва (397 г) засладено кондензирано млеко
50 г ситно сечкани лешници или бадеми
100 г разнобојни пенести бонбони (маршмелоу)
100 г здробена Плазма
50 г кокос
1. Чекор
Пенестите бонбони, ако се големи, исечкајте ги на парчиња не поголеми од 6-7 мм. Плазмата дробете ја на парчиња со различна големина. Не ги дробете премногу. На бонбоните и Плазма-та додадете ги сечканите лешници или бадеми и кокосот, и измешајте се заедно.
2. Чекор
Подгответе помал плех, со димензии околу 15 х 25 цм и обложите го со хартија за печење.
3. Чекор
а пареа стопете ги во ист сад двата вида на чоколадо и кондензираното млеко. Смесата ќе биде многу густа. Веднаш истурете ја преку исечканите состојки и измешајте добро. Важно е да бидете брзи бидејќи чоколадната смеса се стега брзо поради кондензираното млеко. Густата леплива смеса истурете ја на подготвениот плех и со мокра лажица распоредете во еден рамномерен слој. Ставете во фрижидер на 1 до 2 часа, исечете коцки и послужете.
4. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise