Плазма семифредо со сируп од вишни и вино
Основни информации:
Време на подготовка: 30 min. + 1-2 h za zamrzavanje i hlađenje
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
Семифредо:
4 жолчки
2 јајца
100 г шеќер
500 мл слатка павлака
100 г Мелена Плазма
75 г Плазма
100 г замрзнати вишни
50 г црно чоколадо
Сируп:
200 г замрзнати вишни
100 г шеќер
200 мл црвено вино
½ лажичка цимет
¼ лажичка мелено каранфилче
1 ѕвезден анасон
1 кафена лажица густин
1. Чекор
Обложите со најлонска фолија правоаголен калап со димензии 30 х 11 цм. Подгответе два садови со различен дијаметар за готвење со пареа.
2. Чекор
Во поголемиот сад ставете вода, па во него ставете помал сад и ставете го во оган да се загрее водата. Во помалиот сад ставете ги жолчките, целите јајца и шеќерот и мешајте постојано 5-10 минути додека смесата не згусне и почне да личи на поредок крем. Кога јајцата ќе бидат термички обработени, тргнете го кремот од пареа, покријте со најлонска фолија и оставете да се олади потполно.
3. Чекор
Изматете ја слатката павлака, па додајте го кремот од јајца и соединете се заедно. На оваа смеса додадете Мелена Плазма и повторно измешајте добро се. Скршете Плазма на поголеми парчиња и додајте ги во смесата заедно со вишните и сечканото црно чоколадо. Измешајте се полека, истурете во калапот и ставете го во замрзнувач.
4. Чекор
На секои 30 минути извадете ја смесата од замрзнувач за да ја измешате полека затоа што во спротивно цврстите состојки ќе паднат во дното на калапот. Калапот вратете го во замрзнувач за семифредото потполно да се замрзне.
5. Чекор
Во посебно тенџере истурете ги останатите вишни и шеќерот. Додадете го виното и зачините и оставете на тивок оган 10 минути.
6. Чекор
Во посебен сад измешајте густин со малку вода за да избегнете создавање на грутки, а потоа истурете го во тенџерето со вишни.
7. Чекор
Гответе уште неколку минути додека преливот не згусне, а потоа тргнете од оган и оставете да се олади на собна температура. Замрзнатото семифредо извадете го од калапот, исечете го на парчиња и прелијте со овошниот прелив.
8. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise