Плазма капкејкови со црвено овошје и бело чоколадо
Основни информации:
Време на подготовка: 45 min.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
ТЕСТО:
80 г путер
160 г шеќер
1 супена лажица ванилин шеќер
1 јајце
1 ванила стапче
180 г кисело млеко
170 г брашно
1 кафена лажичка прашок за пециво
100 г Плазма
100 г рибизли и јагоди
ФИЛ:
150 мл слатка павлака
200 г бело чоколадо
Декорација:
30 г Плазма
30 г рибизли и јагоди
30 г бело чоколадо
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Чекор
Калапот за мафини обложите го со хартиени корпи за печење.
3. Чекор
Омекнатиот путер изматете го со шеќер и ванилин шеќер и додадете го јајцето и измешајте добро. Стапчето ванила исечете го по должина и со врвот на ножот одвојте ги семките и додадете ги во смесата. Потоа додадете и кисело млеко, брашно и прашок за пециво и се добро соединете така што смесата ќе стане изедначена и воздушеста
4. Чекор
На крај, во смесата додадете Плазма скршена на ситни прачиња и овошјето. Измешајте добро со шпатула и рамномерно распоредете ја добро во хартиените корпи со кои сте го обложиле калапот. Калапот ставете го во рерна на 20 минути. Испечените мафини извадете ги од калапот и ставете ги на кујнска решетка да се оладат.
5. Чекор
Изматете слатка павлака. Белото чоколадо стопете го на пареа или во микробранова печка и соединете го со изматената слатка павлака.
6. Чекор
Добиениот фил ставете го во шприц кеса и филувајте ги капкејковите. За украсување, по желба, можете да употребите Плазма, овошје или стопено бело чоколадо.
7. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise