Плазма корпи со ганаш со вкус на нане
Основни информации:
Време на подготовка: 30 мин. + 1 час за ладење
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
200 г Мелена Плазма
75 г пченкарни снегулки
75 г крупно сецкани печени лешници
150 г путер
4-5 супени лажици млеко
Фил:
250 мл слатка павлака
200 г црно чоколадо со 70% какао
20 г путер
1 кафена лажица арома од нане
Декорација:
Свежи листови нане
1. Чекор
Путерот извадете го од фрижидер за да омекне. Спремете го калапот за мафини така што ќе го премачкате со путер. Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Чекор
Во еден сад здробете ги пченкарните снегулки. Додадете Мелена Плазма и лешници и измешајте се заедно. Додадете го стопениот путер и млекото и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Добиената смеса истурете је на калапите за мафини и формирајте плитки корпи. Корпите ставете ги во претходно загреана рерна на 10 минути, а потоа извадете ги и оставете ги да се оладат. По 10-15 минути внимателно извадете ги од калапот и оставете ги потполно да се оладат.
3. Чекор
Слатката павлака истурете ја во тенџере и ставете ја да се загрее до вриење (не смее да зоврие). Додадете путер и скршено чоколадо, па тргнете од оган и мешајте додека се не се истопи и соедини, односно додека не добиете мазна чоколадна смеса. Додадете арома од нане и повторно измешајте. Оставете го ганашот да се олади и истурете го во корпите и оставете го потполно да се стегне.
4. Чекор
Готовите корпи украсете ги со свежи листови нане.
5. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise