Колачи

Шварцвалд Плазма чашки

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 ч + ладење

Порција слика Величина: 6

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Подлога:

100 г Мелена Плазма

50 г овесни снегулки

20 г сечкани бадеми

15 г какао

10 г шеќер

40 г путер

Лажица мед

 

Мус од црно чоколадо:

100 г белки

100 г црно чоколадо

100 г слатка павлака

Слој од вишни:

200 г замрзнати исчистени вишни

50 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

30 мл вода

 

Потребно уште:

150 мл слатка павлака

 

 

Декорација:

Свежи или замрзнати вишни

Скршени парчиња Плазма

 

1. Чекор

Сите состојки за подлогата ставете ги во блендер.

2. Чекор

Блендирајте додека смесата не се соедини.

3. Чекор

Префрлете ја подлогата на плех обложен со хартија за печење и печете 10 мин на 180 °C. По печењето оставете ја добро да се олади.

4. Чекор

Вишните, водата и шеќерот сварете ги и оставете ги да се оладат.

5. Чекор

Стопете го чоколадото на пареа.

6. Чекор

Изматете ја слатката павлака 60-70% да не биде премногу цврста и тргнете ја на страна.

7. Чекор

Изматете ги белките цврсто, додадете го истопеното чоколадо и измешајте добро.

8. Чекор

На дното на чашата ставете две лажици оладен слој.

9. Чекор

Над него ставете лажица од варените вишни.

10. Чекор

Истурете од чокладниот мус до две третини од чашата.

11. Чекор

Изматете ја слатката павлака и ставете ја преку чоколадниот фил.

12. Чекор

Посипете со парчиња Плазма и ставете уште неколку свежи или замрзнати вишни.

Автор:

Plazma

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики