Сутлијаш со крцкава Плазма и кикирики
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
Сируп:
75 г црно чоколадо со 70% какао
125 мл слатка павлака
1 супена лажица чоколаден ликер
Грилијаш:
200 г Мелена Плазма
150 г мелени печени солени кикирики
200 г шеќер
Сутлијаш:
160 г ориз со кратко зрно
1 л млеко
100 г шеќер
1. Чекор
Истурете ја слатката павлака во тенџере и ставете ја да се загрее до вриење (да не зоврие). Тргнете го тенџерето од оган, додадете црно чоколадо и мешајте додека чоколадото не се истопи за да добиете изедначена глатка смеса.
2. Чекор
На крај додадете ликер од чоколадо и измешајте се добро, а потоа сирупот оставете го да се олади.
3. Чекор
Во друго тенџете со дебело дно ставете шеќер и ставете го на тивок оган за да се стопи.
4. Чекор
Подгответе чинија во која ќе ја префрлите смесата така што ќе ја намачкате со масло.
5. Чекор
Кога шеќерот ќе се истопи потполно, додадете Мелена Плазма и кикирики и измешајте се добро, а потоа префрлете ја смесата во претходно подготвената чинија. Оставете ја смесата да се олади потполно и да се стегне за да можете потоа да ја скршите на парчиња (во аван или со сукало и крпа).
6. Чекор
Во третото тенџере сипете го млекото и оризот и ставете да се готви на тивок оган се додека оризот не омекне, а повеќето од млекото да испари. Додадете шеќер и гответе уште неколку минути мешајќи постојано, а потоа тргнете го тенџерето од оган.
7. Чекор
Во длабоки чаши наредете слој од чоколадниот сируп, слој сутлијаш, дебел слој грилијаш, па повторно слој сутлијаш, слој чоколаден сируп и на крај слој грилијаш.
8. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise