Падобранци со Плазма и ореви
Основни информации:
Време на подготовка: 1 h i 30 min. + 2–3 h za hlađenje
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
Пaадобранци:
4 белки
200 г шеќер
150 г мелени ореви
30 г Мелена Плазма
Фил:
150 г бело чоколадо
50 мл слатка павлака
1 супена лажица путер
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 120°C.
2. Чекор
Белките изматете ги со миксер за да формираат цврста пена потоа постепено додајте шеќер. Матите додека не добиете цврст снег од белки, а потоа додајте ги мелените ореви и Мелената Плазма и соединете се заедно.
3. Чекор
Добиената смеса истурете ја во слаткарски шприц и истиснете на плех обложен со хартија за печење. Бидете внимателни да не ги истиснете куповите премногу близу за да не ви се залепат падобранците при печење. Плехот ставете го во загреана рерна на 20-30 минути. Откако ќе се испечат падобранците, извадете ги и оставете ги да се оладат потполно.
4. Чекор
Во посебен сад ставете скршено чоколадо и путер. Слатката павлака истурете ја во тенџере и загрејте додека не зоврие, а потоа со неа прелијте го чоколадото и путерот. Почекајте минута-две и соединете се заедно
5. Чекор
Добиениот фил ставете го во фрижидер 2-3 часа за да се стегне. Кога филот е спремен, филувајте ги падобранците со лажица или слаткарски шприц.
6. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Ana Đurđević/ Prstohvat soli
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise