Тирамису со Плазма и боровинки
Основни информации:
Време на подготовка: 40 min.
Величина: 6-8
Сложеност:
Состојки:
КРЕМ:
500 мл слатка павлака
30 г шеќер во прав
500 г сирење маскарпоне
СИРУП:
300 г домашни боровинки (ситни)
120 г шеќер
60 мл ладна вода
3 лажици густин
КОРА:
300 г Плазма
150 мл млеко
Декорација:
Препечени бадемови снегулки
1. Чекор
Слатката павлака изматете ја во шлаг со миксер. Додадете шеќер и маскарпоне сирење и матете уште малку додека маскарпонето не стане кремасто. Подгответниот крем ставете го во фрижидер додека го подготвувате сирупот од боровинки.
2. Чекор
Боровинките, шеќерот и водата ставете ги во тенџере и ставете на силен оган да зоврие, а потоа намалете го огнот максимално и оставете да се крчкаат уште 20 минути.
3. Чекор
Во една чинија ставете густин и малку ладна вода и растворите добро. Растворениот густин додадете го во сирупот од боровинки и мешајте додека сирупот не згусне, а потоа тргнете од оган за да се олади.
4. Чекор
Стоплете го млекото и во него натопете Плазма и наредете ги на дното на тепсијата. Над нив ставете прв слој од кремот и половина од сирупот од боровинки. Над него додадете уште еден ред Плазма натопени во млеко, и остатокот од сирупот од боровинки и потоа втор слој од кремот.
5. Чекор
Тирамису-то посипете го со бадемови снегулки и оставете во фрижидер до послужување.
6. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Nevena Zelunka Cvijetić/ Hleb i Lale
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise