Чоколаден колач со сливи
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
300 г брашно
100 г Мелена Плазма
20 г какао
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
250 г кефир
130 г шеќер
3 јајца
15 смрзнати исчистени сливи
100 г црно чоколадо
1. Чекор
Тркалезниот калап за печење обложете го со хартија за печење.
2. Чекор
Во сад соединете брашно, Мелена Плазма, какао, прашок за пециво и ванилин шеќер.
3. Чекор
Во друг сад измешајте ги ќефирот, шеќерот и јајцата и матете со жица додека да се соединат.
4. Чекор
Додадете ги сувите состојки во смесата и мешајте додека да се соединат
5. Чекор
Истурете ја смесата во калапот за печење.
6. Чекор
Замрзнатите сливи исечете ги на пола, наредете ги на тестото и притиснете ги.
7. Чекор
Ставете го колачот да се пече на 180 степени, 40-45 минути.
8. Чекор
Готовиот колач оставете го да се олади. Изрендајте црно чоколадо и посипете со шеќер во прав.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise