Чоколаден Плазма десерт со вишни
Колачи

Чоколаден Плазма десерт со вишни

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 30 мин.

Порција слика Величина: 4

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Прелив:

150 г замрзнати вишни (без семки)

3 супени лажици шеќер

Крцкав слој:

125 г Мелена Плазма

50 г путер

Кремаст слој:

250 г крем сирење

50 г шеќер во прав

100 г црно чоколадо со 70% какао

250 мл слатка павлака

1. Чекор

Извадете го крем сирењето од фрижидер за да се стопли на собна температура.

2. Чекор

Во тенџере истурете ги вишните и шеќерот и ставете ги да се готват додека не добиете нешто што личи на поредок сос. Преливот тргнете го од оган и оставете го да се олади потполно.

3. Чекор

Во посебен сад измешајте Мелена Плазма и путер. Мешајте се додека смесата не почне да личи на мокар песок.

4. Чекор

Стопете го чоколадото на пареа и оставете го да се олади.

5. Чекор

Во средна чинија изматете го крем сирењето и шеќерот во прав, а потоа постепено додавајте го истопеното чоколадо и соединете.

6. Чекор

Во друг сад изматете слатка павлака така што ќе добиете поредок шлаг, а потоа полека соединете со смесата со крем сирење. Во чаши додадете наизменично крцкав па потоа кремаст слој.

7. Чекор

На крај прелијте го десертот со овошниот прелив.

8. Чекор

Вашиот десерт е подготвен!

8 Чекор

Автор:

Ana V. Đurđević/Prstohvat soli

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики