Тарт од Плазма, чоколадо и аронија
Основни информации:
Време на подготовка: 90 мин. + 2 часа за ладење
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
350 г Мелена Плазма
2 супени лажици шеќер во прав
125 г путер
2-3 супени лажици млеко
Фил:
250 г слатка павлака
450 г млечно чоколадо
125 г путер
2 супени лажици шеќер во прав
350 мл слатка павлака
1. Чекор
Мелената Плазма, шеќерот, путерот и млекото ставете ги во чинија и соединете ги додека не добиете ронлива смеса.
2. Чекор
Добиената смеса тапкајте ја во калап за тарт со одвоено дно така што рамномерно ќе го покриете дното и рабовите. Калапот оставете го 45 минути во фрижидер за да се стегне кората.
3. Чекор
Во меѓувреме, подгответе чоколаден фил така што на тивок оган ќе ги стопите чоколадото, путерот, шеќерот и слатката павлака, мешајќи постојано
4. Чекор
Kога состојките ќе се соединат, тргнете го тенџерето од оган за да се олади смесата. Извадете го калапот од фрижидер, и над кората рамномерно нанесете слатко од аронија, потоа одозгора нанесете го изладениот чоколаден фил. Вратете го калапот во фрижидер за да се стегне чоколадниот фил.
5. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Zoran Stevanović/Restoran „Madera“
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise